Во Македонија во петокот претпладне ќе преовладува умерено облачно време, додека рано попладне ќе биде сончево со мала локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринските температури се движат од минус 5 и минус 2 во повисоките области, до 2 степени на југозападот од земјата, додека соодветно дневните максимални ќе бидат во интервалот меѓу 10 и 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска претпладне, исто така, ќе има мала до умерена облачност, а попладне ќе биде сончево. Ќе дува слаб северозападен ветер, со максимална дневна температура до 13 степени.