Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени ? Ова се дел од одговорите кои треба да ги даде предистрагата на обвинителството за организиран криминал, која пред неколку дена почна со претрес во институцијата која треба да се бори со финансиски криминал, дознава Телма.
Според нивни извори, во кривичната пријава од група граѓани по која постапува обвинителството за организиран криминал, напишано е дека финансиската полиција отворала фиктивни истраги од непостоечки пријавувачи против осомничени кои имале фирми.
Пријавите се заведувале како анонимни, а осомничените учествувале и морале да соработуваат во фиктивните истраги, кои подоцна биле затворани. На ова се сомнева обвинителството за гонење организиран криминал, по анонимната пријава до него.
Директорот на Управата за финасиската полиција Арафат Муареми не одговорил на повиците и обидите да се дознае што се случува во институцијата што ја раководи, објави Телма.