Во четвртокот (16.03.2023) криминалистичката полиција при СВР Битола со наредба од Основен суд извршилa претрес во битолско и ресенско, при што во ресенското село Езерани, ресенско, во домот на 44-годишниот тамошен жител Г.А., биле пронајдени 19 парчиња различен калибар муниција.
При претрес во куќа во селто Цапари, битолско, сопственост на 29-годишниот Ј.М. од Цапари, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки калибар 12мм и една воздушна пушка калибар 4.5мм, додека при претрес во домот на П.Т. на 57 години од селото Ротино, битолско, пронајдени се и одземени еден карабин, една ловна пушка, муниција за двете оружја и друга муниција.
Трите лица биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.