Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција

Во петокот околу 14,30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода 39-годишниот П.К. од Битола.

Имено, при претрес во неговиот дом во селото Олевени, битолско, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка „ЦЗ”, една воздушна пушка, 65 ловечки патрони, куршуми различен калибар, рамка за пиштол и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.