Две лица од гостиварското село Форино вчера попладне се лишени од слобода т на магистралниот пат Охрид – Кичево.
При преглед во патничко возило „фолксваген фокс“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А. (48), а сопатник бил У.И.(54), бил пронајден кокаин.
-Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во с.Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.