Министерството за внатрешни работи информира дека на 11.10.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја, различни видови таблети, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во неговото возило „цитроен“ била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријва.