Во средата (12.07.2023) во 14,20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 44-годишниот А.А. од Струмица, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Притоа, како што известува Минситерството за внатрешни работи, во текот на претресот, А.А. заедно со лицата индентификувани како Ѓ.А. и М.А., агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија.
А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.