Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во вторникот при претреси во Арачиново пронајде и одзеде марихуана.
По претходно добиени оперативни информации и добиена наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во дом и други простории на 33-годишниот Б.А. од Арачиново.
Пронајдената марихуана е предадена на вештачење и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.