Претреси во Битола, приведени 11 лица, пронајдена дрога, оружје, пари…

Во вторникот (24.10.2023)  утрото во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши 11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и чл.396 од КЗ, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка, прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја, два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра.

Притоа, лишени се од слобода Б.П.(40), И.Ј.(42), В.М.(23), Н.К.(43), Г.Б.(35), Б.И.(31), К.Т.(47), Х.Г.(28), Р.М.(20), И.К.(22), В.К.(31)сите од Битола. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.