Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога денеска го лишија од слобода Н.С. (42) од Скопје, затвореник од КПУ Идризово, кој бил пуштен на отсуство.
Врз основа на судска наредба од Кривичен суд Скопје, извршени се претреси во дом и помошни простории во општина Гази Баба, при што се пронајдени 1806 таблети екстази, синтетичка дрога амфетамин околу половина килограм марихуана, спакувани во повеќе пакувања, вага за мерење.
Во текот на утрешниот ден СВР Скопје до надлежното обвинителство ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од КЗ, а лицето ќе биде спроведено во КПУ Идризово на издржување на казната затвор.