„Вчера тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени, г. Африм Гаши, г. Биљал Касами, г. Изет Меџити, советникот на косовскиот премиер за Северна Македонија, Беким Ќоку, како и претседателот на АА, Арбен Таравари, имаа братска средба со премиерот на Косово, г. Албин Курти и претседателот на Собранието г. Глаук Конјуфца“, соопшти партијата Беса.
„По завршувањето на средбата во Приштина, на јавноста и официјално и беше соопштено од кабинетот на премиерот Курти за пријателскиот разговор за политичките случувања во нашите земји, за новите можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во РСМ и европската перспективата на нашите земји.
Сите присутни лидери ја посочија и идејата за Претседател Албанец, фигура која треба да биде личност со интелектуален кредибилитет и која ќе го обедини албанскиот фактор во РСМ и достоинствено ќе ги претставува сите граѓани на нашата земја“ – се вели во соопшението на Беса во кое се додадва дека состаноците од овој тип ќе продолжат и во иднина, „имајќи во предвид дека се многу плодни и за двете земји“.
– Сметам дека е рано за Албанец претседател на Македонија – рече Ахмети, коментирајќи го соопштението од Кабинетот на косовскиот премиер Албин Курти, каде се вели дека на средбата со Гаши, Меџити, Касами и Таравари, меѓу другото, станало збор и за идејата за заеднички нивен кандидат за претседателските избори во Македонија.