Преседателите на осум земји членки од централна и источна Европа ги повикаа во понеделникот другите членки на Украина веднаш да ѝ дадат статус на земја-кандидат за членство во ЕУ и да ги отворат прогворите за челнство, според отвореното писмо објавено во понеделникот.
„Ние, претседателите на Република Бугарија, Чешката Република, Републија Естонија, Република Латвија, Република Литванија. Република Полска, Република Словачка и Република Словенија силно веруваме дека Украина заслужува веднаш да добие перспектива за пристапување кон ЕУ“, стои во писмото.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски во понеделникот изјави дека го потпишал официјалното барање за прием на Украина во ЕУ. Зеленски побарал од ЕУ веднаш да ѝ дозволи на Украина да стане членка според „специјална процедура, имајќи предвид дека се брани од инвазија на руските сили“.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша претходно во понеделникот на Twitter изрази целосна поддршка за „забрзан процедура за прием на Украина во членство во ЕУ“.
Одговарајќи на твитот на украинскиот премиер Денис Шмихал, кој каќа дека Украина аплицира за членство во ЕУ по специјална процедура и дека им е благодарана на своите партнери на поддршката и брзите одлуки, Јанша напиша дека Украина во то аја има „нашата целосна поддршка“.