Претседателите на Словенија и Хрватска во посета на Македонија

Како што соопштија од Кабинетот на претсдеателот, попладнево во вила „Водно“ ќе се одржи трилатерална средба на Иванов со Пахор и Грабар Китаровиќ.

Според програмата, тројцата претседатели утре ќе го посетат граничниот камен 59 на македонско-грчката граница и привремениот транзитен центар „Винојуг“, каде ќе имаат средба со полицајците од Република Словенија и Република Хрватска кои им помагаат на македонските безбедносни сили.