
Куштрим Рамадани не може во моментов да ја извршува функцијата во МЕПСО на која е назначен, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
– Како на поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика не е поминат законски предвидениот рок од две години пред да ја преземе новата функција – рече таа на трибината по повод Денот на борбата против корупцијата.
Рамадани беше заменик претседател на РКЕ, а минатиот месец на предлог на ДУИ беше назначен за претседател на Управниот одбор на МЕПСО, на местото на Ева Шуклева.