Претседателката на Аргентина Кристина Фернандез де Киршнер – жената која ја тресна од земја ООН

Голем дел од меѓународните телевизиски станици го прекинале преност, а оние кои не го сториле тоа го стопирале преводот, од говорот на претседателката на Аргентина во Обединетите нации во Њујорк, откако Кристина Фернандез де Киршнер жестоко ги нападнала САД и нивните сојузници поради војната со „Исламска држава“.

Притоа не треба да се заборави фактот дека нејзината држава, пред неполн еден месец, беше присилена да прогласи банкрот, втор во историјата на Аргентина, токму поради пресуда на еден американски суд.

Главни точки на говорот на аргентинската претседателка, сепак биле објавени на социјалните мрежи на Интернет.

– Овде бевме пред една година, кога како „терористички режим“ беше означена владата на сирискиот претседател Асад, а се поддржаа бунтовниците во Сирија, кои ги дефиниравте како „револуционери“. Денеска се собравме заедно како би ги искорениле овие револуционери за коои се испостави дека се терористи. Во минатото го сместивте Хезболах на листата на терористички организации, а тоа е всушност една голема и призната партија во Либан! Го обвинивте Иран дека стои зад експлозијата, која го уништи израелскиот центар АМАИА во Буенос Аирес во 1994 година, иако аргентинската истрага никогаш не успеа да докаже учество на Иран во тој напад. Вие ја усвоивте резолуцијата против Ал Каеда, по терористичките напади на 11 септември. Земјите како Ирак и Авганистан се разорени, а нивните граѓани убиени, додека двете држави сеуште патат поради тероризмот! Покажавте, по израелскиот напад врз Газа, кога Израел стори страшни злосторства и предизвика смрт на многу палестински цивили, дека вашето внимание е насочено на ракетите кои го погодија Израел, а кои не предизвикаа никаква штета, ниту пак жртви!

Денеска се собравме да би усвоиле резолуција за нашата одговорност во меѓународната борба против „Исламска држава“, организација која користи поддршка од сојузници на големите земји членки на Советот за безбедност на ООН, рекла во својот говор Кристина Фернандез де Киршнер.

Поради овие нејзини зборови, таа „заслужила“ под итно да се прекине преносот и преводот од нејзиниот говор во ООН.

Обраќањето на аргентинската претседателка е особено важно бидејќи доаѓа од страна на лидер на една земја, која историски била под големо влијание на моќни лобирања од Вашингтон.

Нема сомнеж дека веќе по првите реченици звладеала вистинска паника во телевизиските куќи и екипи, кои нејзиниот „скандалозен“ говор го пренесувале од салата на ООН. Единствен излез за нив бил да ги исклучат камерите и да се преправаат дека ништо не се случува, но содржината сепак излезе во јавноста, пред се’ поради медиумите во Латинска Америка.