Додека се случуваше настанот на аеродромот во Скопје се Африм Гаши се слушнав два пати, вели премиерот Христијан Мицкоски во вечерашниот „Претрес со Ландов“.
„Првиот пат кога претседателката на Косово му се јавила на Африм Гаши дека е предмет на проферка додека го поминувала ВИП терминалот на аеродромот во Скопје. Јас реков, тоа е нормална процедура, и јас пред неколку дена се вратив од пат, прво не го користам ВИП терминалот, туку ја поминувам истата процедура како и сите граѓани. Вториот пат се слушнав кога бев информиран дека лицето кое што било таму направило инцидент, таков каков што направило, и посочив дека доколку се докаже дека има пречекорување на овластување на овластувањата и законот, кажав дека тоа лице ќе биде суспендирано и ќе одговара. И тоа се случи и тука се завршува целата ситуација“ рече премиерот.
И на премиерот на Косово, Албин Курти му го кажав истото вели Мицкоски, дека ова не е прв пат.
„Истото се случувало и порано, кога претседателката на Косово не сакала да помине низ скенерската контрола и сакала така да помине. И тогаш пуштале записници и тогаш било интервенирано од страна на полицијата. Тоа се случувала и во претходната Влада“ рече Мицкоски.