Претседателката Силјановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска, 16 мај 2024 година, четврток, ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот.

Кај неа на средба ќе дојдат поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.