Претседателот Иванов на средба со членовите на новата влада

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, во Вилата Водно, ги прими членовите на новата Влада на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев.

Иванов им честиташе на министрите. Тоа беше прва работна средба на новиот владин состав после нивната свечена заклетва која ја дадоа вчеравечер во македонското Собрание.
Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, не присуствуваше на средбата на новите министри и премиерот со претседателот Иванов во резиденцијата на Водно. Според Таравари, претседателот Иванов е еден од најзаслужните за настаните од 27 април.крвавиот четврток.