Еден од моментите кои предизвикаа бурна реакција, посебно во Македонија, беше потегот на репрезентативецот Мирлинд Даку, кој славејќи го бодот против Хрватска реши да испрати навредливи зборови и на сметка на Македонија и Србија.
Даку доби два натпревара суспензија и не беше во комбинација за дуелот со Шпанија, а неговиот потег предизвика и реакција кај првиот човек на федерацијата, Арманд Дука. Тој истакнал дека Даку направил нешто што не треба да се толерира во фудбалот.
– Фудбалот е игра, најубавата игра во светот, затоа и се неприфатливи ваквите испади кои дојдоа од навивачите на балканските земји. Кои и да се, Албанци или Срби, нема да дозволиме да ја користат играта за други интереси или за промовирање емоции кои не се поврзани со фудбалот. Фудбалот треба да создава пријатели, а не непријатели, затоа не смееме да дозволиме националистички или расистички пароли– изјавил Дука.