Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес оствари средба со министерот за здравство, Венко Филипче, на која ги даде ветените билети за натпреварите на македонската репрезентација на Европското првенство.
– Здравствените работници ја водеа битката на нашата генерација. Горди сме што им пружаме малку поинакво задоволство со можноста да ги бодрат македонските фудбалери на Европското првенство, стои во пораката на ФФМ.
Првиот натпревар на евро-шампионатот, македонските фудбалери ќе го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија.
На 17 јуни е дуелот со Украина исто така во Букурешт, додека на 21 е средбата со Холандија во Амстердам.