Претседателот на грузискиот парламент го потпиша законот за забрана на ЛГБТ пропагандата

Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили објави во четвртокот дека го потпишал законот за забрана на ЛГБТ пропагандата, ден пред тоа да го одби претседателката на државата Саломе Зурабишвили, а неговиот потпис го отвора парот за негово конечно стапување на сила

„Согласно Уставот на Грузија, го потпишувам законот ‘За заштита на семејните вредности и малолетниците’, кој Саломе Зурабишвили одби да го потпише“, напиша Папуашвили на својот профил на социјалните мрежи.

На 17-ти септември, парламентот на Грузија во третото читање усвои закон за забрана на ЛГБТ пропагандата, кој беше остро критикуван од опозицијата и Западот. Мнозинството во парламентот го поддржа законот кој пред две семици го претстави владејачката партија Грузиски сон.

Претседателката Саломе Зурабичвили не го потпиша законот, но не стави ниту вето на него, што значи дека требаше да го потпише само челникот на парламентот. За да стапи во сила требаше да го потпише претседателката, но според грузиското законодавство, доколку шефот на државата не потпише некој закон, тогаш правото да го потпише има претседателот на парламентот.

Законот забранува ЛГБТ пропаганда, истополови бракови и промена на полот, како и забрана за одржување состаноци и кампањи насочени кон промовирање на истополови интимни односи, инцест, посвојување или старателство од страна на истополови двојки или лица кои не се -хетеросексуална ориентација.

Ќе биде забранета и медицинска интервенција поврзана со промена на полот, а интимните сцени меѓу лица од ист пол ќе бидат забранети на телевизијата. Ќе бидат забранети јавни состаноци или демонстрации насочени кон популаризација на ЛГБТ темите, а ќе се воведат ограничувања за гледање филмови со хомосексуални сцени во кино за лица помлади од 18 години.

Европската унија го критикуваше овој закон. Односите меѓу Брисел и Тбилиси дополнително се влошија кога Грузија воведе ограничувања за работата на невладините организации, кој Западот го нарече „руски закон“ зашто невладините организации финансирани од странство се назначуваат како „странски агенти“ и се бара транспаретност во објавувањето за финансирање, сличен на законот од пред повеќе години во Русија. Меѓутоа, и во двата слуачи станува збор за закон донесен по урнекот на американскиот Закон за регистрација на странски агенти (FARA) од 1938 година кој уште е на сила и е осмислен да го ограничи влијанието на странските влади и странската пропаганда во САД, кој налага од „агентите“ или оние што ги промовираат интересите на странска сила или „странскиот налогодавец“ да го обелоденат таквиот однос и сите активности или финансирања поврзани со промовирање на споменатите интереси.