Претседателот на Интерпол поднесе оставка

Претседателот на меѓународната криминалистичка полиција, Менг Хонгвеј, поднесе оставка соопштија во неделата вечерта од Интерпол, откако малку претходно официјален Пекинг објави дека Менг, кој исчезна пред десет дена веднаш откако допатувал во Кина, е осомничен за кршење на законите.

„Денеска, 7-ми ноември, генералниот секретаријат во Лион доби известување за поднесување оставка од г-дин Менг Хонгвеј на должноста претседател на Интерпол. Оставката стапува на сила веднаш“, се истакнува во соопштението.

Според прописите, новиот челник на Интерпол сега ќе биде вишот потпретседател Ким Чон Јанг, кој е претставник на Јужна Кореја. Изборот на новиот шеф ја организацијата ќе се одржи во текот на седницата на 87-та сесија на генералното собрание на Интерпол, коешто ќе се одржи во Обдинетите Арапски Емирати од 18-ти до 21-ви ноември, и ќе има мандат до 2020 година.

Против Менг Хонгвеј „се води истрага бидејќи е осомничен дека го кршел законот“, според соопштението на веб странциата на Централниот комитет на дисциплинската комисија на Кинеската комунистичка партија, задолжена за санкционирање на корупцијата на функционерите.

За 64-годишниот Менг Хонгеј немаше вести од 25-ти септенври, изјави неговата сопруга која во четвртокот вечерта ја известила француската полиција во Лион, каде што е седиштето на организацијата, дека е загрижена поради ислезнувањето на сопругот. Таа во неделата на прес-конференција во Лион изјави дека мисли оти нејзиониот сопруг е „во опасност“.

Тој на 25-ти септември ѝ ја испратил првата порака преку социјални мрежи и ѝ порачал да „чека негова порака“. Потоа стасала и втората порака којашто соржела само еден емотикон за опасна ситуација, изјави Грејс Менг, којашто, како што пренесоа франуските медиуми, првично изјавила во полицијата дека со сопругот немала контакт од 29-ти сепрември.

Во саботата генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток, побара од Кина појаснување за тоа што се случува со претседателот на меѓународната полициска организација. Претходно во петокот кинеските неофицијални медиуми објавија, повикувајќи се на полициски извори, дека Менг е најверојатно е приведен по пристигнувањето во Кина.

„Претставници на дисциплнска служба привеле 64-годишен функционер, кој исто така, ја извршува должноста заменик министер за јавна безбедност на Кина, на испрашување, веднаш по неговото пристигнување во Кина од Франција минатата седмица“, прецизираше во петокот во информацијата весникот South China Morning Post.

Менг претходно извршуваше неколку високи должности во Кина, меѓу кои и онаа на заменик министер за јавна безбедност, а потоа и заменик-шеф на Државната океанска администрација на Кина. За челник на Интерпол беше именуван во 2016 година. Групите за човекови права во тоа време изразија загриженост дека Пекинг би можел да ја искористи позицијата на Менг во ова тело за прогон на дисидентите во странство.

Западните медиуми пишуваат дека станува збор за исчезнување на висок функионер во Кина, каде што наводно неколку владини челници, магнати па дури и една ѕведа исчезнаа пред повеќе седмици. Се поставува прашањето дали Менг е приведен во рамките на антикорупциската кампања на кинескиот претседател Кси Џинпинг која трае од неговото доаѓање на власт во 2012 година, која има цврста поткреп во партијата на власт и во тамошната јавност.