Републиканецот Кевин Меккарти, претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, повика во вторникот на истрага за отповикување од должноста (импичмент) на претседателот Џо Бајден од Демократската партија, потег кој бездруго уште повеќе ќе ги подели пратениците кои настојуваат да донесат закон со кој би се избегнала блокада на владините активности.
Комитетот на Претставничкиот дом започна официјална истрага за постапка за импичмент на американскиот претседател Бајден, рече шефот на долниот дом на Конгресот.
„Денеска на комитетите на Претставничкиот дом им наложив отворање службена истрага во рамките на процедурата за отповикување на претседателот Џо Бајден“, изјави за новинарите Меккарти..
Според него, законодавниот дом поседува информации за корупција од големи размери и злоупотреба на службената положба на шефот на државатаи неговото семејство за лична полза. Тие се обвинуваат и за попречување на правдата.
„Ние знаеме дека банкарските изводи покажуваат речиси 20 милиони долари исплатени на семејството Бајден и поединци поврзани со нив преку различни компании, а само Министерството за финансии има записи за повеќе од 150 трансакции поврзани со семејството Бајден и неговите деловни соработници кои биле означени како сомнителни“, рече Меккарти.
Претседателот на Претставничкиот дом наведе изјави од очевидци кои велат дека претседателот Бајден бил вклучен во многу телефонски разговори и имал контакти кои му донеле милиони долари на неговиот син (Хантер Бајден), како и за неговите деловни соработници.
„Утврдивме дека претседателот Бајден дејствотелно го лажел америкаснкиот народ во врска со својата запознаеност за прекуграничните здрелки на своето семејство“, додаде републиканскиот конгресмен.
Претседателското семејство, како што истакна Меккарти, добило повластен третман од администрацијата на Бајден на којшто не би можеле да сметаат доколку не биле поврзани со шефот на државата.
Конгресменот го повика станарот на Белата куќа на соработка во процесот, бидејќи „Американците мора да бидат сигурни дека државните позиции не се на продажба“.
Истрага за синот на Бајден
Републиканците, коишто имаат мнозинство во Претставничкиот дом а оддржуваат рамнотежа во горниот дом Сенатот, ги истражуваат деловните активности на синот на американсиот претседател Хантер и на семејството Бајден во целина. И претходно, во врска со истите наводи, повеќе републикански противници на американскиот претседател повеќекратно повикуваа на започнување на процедурата за отповикување на шефот на државата.
Во октомври 2020 година весникот The New York Post објави мејлови откриени во сервисираниот лаптоп до Хантер Бајден, во коишто се споменува дека тој го застапувал својот такто, додека беше потпретседател на САД во мандатот на претседателот Барак Обама, пред работодавците во украинската приватна енергетска компанија „Burisma“. Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп тврдеше дека Бајден помладиот добил милиони долари за лобирање за да го „продаде“ пристапот до својот татко. Преписката наводно била пронајдена во лаптопт на Хантер откриена во сервис во сојузната држава Делавер.
Во последните две години од својот мандат, Трамп инсистираше од актуелниот украински претседател Володомир Зеленски да ги обелодени документите според кои тогаш потпретседателот Џо Бајден преземал мерки тогашниот украински претседател Петро Порошенко да го смени државниот обвинител кој ја истражувал „Burisma“ за корупција.
На почетокот од 2023 година во американските медиуми беше објавена информација според којашто постојат планови на Администрацијата на националните архиви и евиденција на САД (FOIA), да ја објават внатрешната преписка во текот на претседателскиот мандат на Барак Обама, кои содржат сведоштва за врските на Хантер Бајден со украинската гасна компанија „Burisma“, чиј член на управниот одбор всушност беше, во времето кога Џо Бајден го извршуваше вториот мандат на потпретседател на САД, за што примал надомест од 83.000 долари месечно иако нема никави квалификации или познавања од овој бизнис.
Според овие написи, администрацијата на актуелниот демократски претседател Џо Бајден може да стави вето на објавувањето на архивските документи до 2029 година, а што значи дека тие нема да бидат достапни во двете наредни претседателски кампањи во 2024 односно 2028 година. Американските владини агенции имаат можност за правен преседан да дадат такви одговори под изговор да се „избегнат обелоденувања што би можеле да ѝ наштетат на националната безбедност“, се потсетува во написот.
Записите датираат од 2014 година, односно во периодот на превратот во Киев поддржан од САД, во кој клучна улога за соборување на украинската влада која имаше тесни врски со Москва имаше актуелната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд, вклучуваат 69 слики и 260 е-пораки во кои се споменува „Bursima“.
Електронската пошта од оставениот лаптоп на Хантер Бајден, до која пристап имал и DailyMail.com, и сведочењето на „свиркачите“, покажуваат дека тој бил вклучен во повеќемилионски договор со кинески нафтен гигант тесно поврзан со кинеската влада. Банкарските записи покажуваат дека кинеските деловни партнери на Хантер префрлиле 10 милиони долари на конотото на нивното заедничко вложување.
И мејловите, текстовите и сметките од свиркачите сугерираат дека Џо Бајден бил свесен за договорот, па дури и можеби бил вклучен. Најозлогласениот пример е електронската порака од 2017 година од еден од деловните партнери на Хантер, Џејмс Гилијар, кој сугерира дека Хантер би имал 10 отсто од капиталот во договорот во име на „Големиот човек“, што според весникот е сугерирање на неговиот татко.
Дали може да мине импичментот?
Џо Бајден се надева дека следната година ќе може да се кандидира за вториот претседателски мандат. Иако, засега не е извесна неговата кандидатура, имајќи го предвид неговиот слаб рејтинг меѓу американските гласачи, републиканците настојуваат на го покренат процесот за негово отповикување. Демократите двапати, во 2019 и во 2021 година покренаа постапки за импичмент на републиканскиот претседател Доналд Трамп, кога го имаа мнозинството во Претставничиот дом, но и во двата случаи во Сентот тогашениот претседател беше ослободен од обвинувањата, од кои едното посредно врзано со „Bursima“ и Хантер Бајден, а вториот според закон укинат уште од британското колонијално владење.
Белата куќа соопшти дека нема никаква основа за истрага, а Бајден се обидува да им се потсмева на републиканците во всрска со можниот импичмент.
Уставот на САД му дава овластувања на Конгресот да покрене постапка против владини функционери, вклучително и за претседателот на државата, и тоа за предавство, корупција и други кривични дела и престапи. Претседателот може да биде отповикан доколку Претставничкиот дом со просто мнозинство ги поддржи обвинуваата од истрагата која вообичаено ја води Комитетот за правосудство на долниот дом на Конгресот. Потоа процесот се сели во Сентатот, кој го одржува судењето на кое треба да се утврди вината на претседателот. За осуда потребно е двотретиснко мнозинство во Сенатот.
Отповикувањето на Бајден, како што се проценува, тешко би можело да успее. Републиканците имаат тесно мнозинсво во Претставничкиот дом од 222-212, а дури и кога импичментот би бил изгласан, демократите во Сенатот имаат еден глас повеќе благодарејќи на галсот на потпретседателката Камала Харис. Меѓутоа, процесот се очекува да има влијаени во кампањата за претседателската номинација, односно дали демократите би го поддржале Бајден за новиот мандат.