РЕК Битола тоне во хаварии, во скандали поврзани со Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, тоне во долгови но сѐ уште е „златна кокошка“за послушниците на режимот, предупреди во неделата на прес-конференција Пеце Милески од ВМРО-ДПМНЕ, кој како пример го посочи претседателот на синдикатот во енергетскиот комбинат,Менде Фидановски кој добил тендери во вредност од милион евра.
„Веднаш по преземањето на власта, режимот удри по синдикалната организација во енергетскиот сектор. Во 2017 година, со упад во синдикалното организирање, режимот формира нов синдикатот во ЕЛЕМ, а за претседател беше назначен Менде Фидановски, вработен во РЕК Битола. Но, освен во РЕК Битола, Менде Фидановски има и приватна семејна компанија, КОМПАКТ МСФ од Битола. Семејната компанија на Менде Сидикалецот само оваа 2021 година има земено 9 тендери на РЕК Битола, каде што Менде работи, со над 378 илјади евра или над 23 милиони денари. Лани, 2020 година, семејната фирма на Менде Синдикалецот има добиено 11 тендери, со над 616 илјади евра, или над 38 милиони денари. Значи, само лани и оваа пола година, Менде Синдикалецот од РЕК Битола во својата компанија инкасирал без малку еден милион евра“, рече Милески.
Додаде дека во годините откако станува прв синдикалец во комбинатот, на Фидановски му процутел приватниот бизнис, а неговата фирма е редовен добитник на тендерите на РЕК Битола.
„И тука доаѓаме до главниот проблем, дали нема судир на интереси? За што Менде Фидановски е заинтересиран повеќе за тендерите или за синдикалното организирање во ЕЛЕМ вклучително и во РЕК Битола што тоне во долгови?“, праша Милески.
Изрази соменавање дека Фидановски е „продолжена рака“ на структурите во РЕК Битола именувни од власта на СДМ, односно „златната кокошка“ за луѓе од или блиски на власта, и поради тоа наводно го премолќува скандалот за 250.000 евра рекет поврзан со работата и раководењето во загубарот РЕК Битола.
„Дали заради тендерите од милион евра за неполни две години, Фидановски не реагира за уништувањето на РЕК Битола и најавите на нејзино затворање? Ова е уште еден од скандалите поврзани со урнисувањето на електроеергетскиот систем, ова е уште еден скандал со насилното режимско владеење, уште еден скандал за злоупотребите на моќта“, истакан Миелски и посочи дека е незамисливо синдикален лидер за само година и половина да наплати милион евра од фирма која покажува загуби.