Претседателот на српскиот Парламент, Владимир Орлиќ денеска распиша локални избори за 17 декември.
„Почитувани граѓани на Србија, согласно Законот за локални избори и Законот за локална самоуправа, за 17 декември 2023 година се распишани избори за советници во собранијата на 65 градови и општини во Република Србија. Таа одлука ќе стапи на сила во моментот на објавување во Службен весник и оттогаш почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија“, рече Орлиќ на конференција во Собранието на Србија.
Тој нагласи дека надлежните органи ќе ги спроведат изборите согласно законот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во 10 часот ќе распише вонредни парламентарни избори за недела, 17 декември, јавуваат белградските медиуми.
Вучиќ ќе ја потпише одлуката за избори и ќе им се обрати на граѓаните.
Кампањата ќе трае до 14 декември на полноќ, кога ќе започне изборниот молк.