Претседателот на Судскиот Совет, Киро Здравев му дозволил на судијата Џемали Саити, кој е еден од кандидатите за претседател на Врховниот суд, да го преполага тестот за интегритет – објави Курир.
Во трка за претседател на Врховниот суд покрај Саити, се и врховните судии Беса Адеми и Лидија Неделкова.
Дел од албанските медиуми пред десетина дена пишуваа дека двајца од тројцата кандидати за претседател на Врховниот суд сè уште направиле психолошки тест и тест за интегритет и затоа интервјуата со кандидатите сè уште не се започнати.
-Ги разгледавме апликациите, видовме дека двајца од кандидатите немаа психолошки тест и тест за интегритет. Тие мора да одат во Институтот за социолошки истражувања за да ги направат тестовите. Потоа ќе има интервјуа и дури потоа ќе биде избран нов претседател на Врховниот суд. Планираме до
крајот на јануари да се избере нов претседател, изјави Здравев кон крај на минатиот месец за „Порталб.мк“.