Претседателот Пендаровски ќе додели орден за заслуги за Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов, Ремзи Несими и Живко Мукаетов

Претседателот Стево Пендаровски, утре, на свеченост во Кабинетот на Претседателот на Македонија ќе ги одликува постхумно Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими и Живко Мукаетов со Орден за заслуги на Република Македонија.

Драматургот и писател Стефановски постхумно се одликува за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство.

Зафир Хаџиманов постхумно се одликува за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво.

Ремзи Несими постхумно се одликува за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во Македонија и во светот воопшто.

Живко Мукаетов се одликува за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.