
Системи за противракетна одбрана ќе ја обезбедуваат претседателската палата во Анкара, која во обидот за воен удар на 15 јули беше цел на авионите и хеликоптерите на учесниците во пучот, изјави портпаролот на претседателот, Ибрахим Калин.
Тој истакна дека биле преземени мерки против воздушниот напад не само врз палатата, туку и врз зградите на Министерскиот совет и на Парламентот.
Калин нагласи дека палатата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган е мошне безбедно место, но додаде дека „се преземени сите неопходни мерки поврзани со авиони и хеликоптери“.