На денешната Конвенција, 1.300 делегати на владејачката трка го избраа актуелниот претседател Ѓорге Иванов за кандитат за престојните претседателски избори закажани за 13 април.
Иванов им се заблагодари што по втор пат му ја даваат довербата за оваа значајна функција.
„Не’ очекува нова битка за нова победа“, рече Иванов кој рече дека ќе продолжи да биде чесен искрен и вреден. Ако повторно ја добие довербата од граѓаните ќе му покаже на светот дека има една земја по име Македонија со луѓе горди на своите предци.
Како што предходно истакна лидерот на партијата, Никола Груевски, тие бираат денеска бираат зрела и одговорна личност која ќе ја обедини Македонија и ќе му служи на народот. Според нив, таа личност Иванов е бидејќи веќе е докажан на таа позиција, со одлична визија и програма за она што му треба на народот.
На денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ делегатите имаа можност да гласаат за еден до четворицата кандидати Божидар Ночев, Ставре Џиков, Ѓорѓе Иванов и Јове Кекеновски.
Во своето обраќање пред делегатите, Иванов истакна дека во својот живот и во работата се води по три принципи, кои ги научил од своето семејство, а тоа се да се биде чесен, искрен и вреден.
Актуелниот претседател кој ќе се бори да ја задржи својата фотелја посочи дека и во новиот мандат приротет ќе му бидат и евроинтегративниот процес, интеграцијата во НАТО и стратегиското партнерство со САД, регионална соработка заснована на рамноправни основи, промоција на економските и политичките интереси на земјата и заштита на македонскиот културен и духовен идентитет и ефикасна дипломатија приспособена на современите барања.
Најави посветеност на многуетничкиот, многурелигискиот, многујазичниот соживот и почитување на различноста во Република Македонија, поддршка на семејството и залагање за негова посебна заштита од страна на државата и институционална поддршка за справување со сите социјални ризици на кои семејството е изложено.