Претседателски избори Хрватска: Милановиќ победува во првиот круг, според излезните анкети

Според излезните анкети, актуелниот претседател и кандидат на SDP и коалицијата Зоран Милановиќ победува во првиот круг и добива уште еден претседателски мандат со 51,48 отсто од гласовите, додека кандидатот на владејачката HDZ и коалицијата Драган Приморац освои 19,29 отсто од гласовите.

Според анкетата спроведена меѓу гласачите по напуштањето на избирачкото место, третопласирана е независната кандидатка Марија Селак Распудиќ со 8,84 отсто од гласовите.

Следува Ивана Кекин (Можемо) со 8,33 отсто гласови. Независниот Томислав Јоњиќ доби 3,99, а Миро Буљ од Мост 3,48 отсто од гласовите. Бранка Лозо (Домино) 2,56 отсто, а независниот Нико Токиќ Картело 0,80 отсто.

Според втората излезна анкета, Милановиќ победува во првиот круг и добива уште еден претседателски мандат со 50,73 отсто од гласовите, додека најголемиот ривал на изборите Приморац освоил 19,04 отсто од гласовите.

И оваа анкетата спроведена меѓу гласачите по напуштањето на избирачкото место, и според неа трета е Селак Распудиќ со 9,27 отсто од гласовите, а ја следи Ивана Кекин со 8,76 отсто гласови.

Независниот Томислав Јоњиќ доби 3,90, а Миро Буљ од Мост 3,67 отсто од гласовите. Бранка Лозо со 2,47 отсто, а Нико Токиќ Картело 0,89 отсто.

Во споредба со првата изборна анкета, која беше објавена веднаш по затворањето на гласачките места во 19 часот, и Милановиќ и Приморац добија нешто помалку гласови во втората.