![Maja Sandu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/Maja-Sandu.webp?resize=696%2C464&ssl=1)
Молдавската прозападна претседателка Маја Санду поведе во вториот круг од претседателските избори пред Александар Стојаногло по пребројани 92,2 отсто од гласовите, покажуваат податоците на веб-страницата на Централната изборна комисија.
Санду е во водство со 50,09 отсто од гласовите, а Стојаногло добил 49,91 проценти, покажуваат податоците.
Двајца политички аналитичари од Кишињев, Владислав Кулмински и Валериу Паша, за Reuters изјавија дека според нивната проценка, резултатите покажуваат дека Санду го добила вториот четиригодишен мандат и го победила Стојаногло, поранешниот главен обвинител.
Последни се пребројуваат гласовите на дијаспората, која вклучува Молдавци кои живеат во западните метрополи и кои гласаа за Санду во првиот круг од изборите на 20-ти октомври, и направија голем пресврт во тесниот резултат на референдумот за ЕУ.
Ниту Санду ниту Стојаногло, кои беа поддржани од проруската Партија на социјалисите, сè уште не прогласија победа ниту го признаа поразот.
Од штабот на Стојаногло ги соопштија само резултатите од завршеното пребројување на гласовите во двете проруски покраини. Во неговата родна Гагаузија, населена со христијанизирано туркофоно население Стојаногло освоил речиси 96 а Санду само 4,15 осто од гласовите. Во одметнатиот проруски регион Придњестровје, пак, Стојаногло освоил 79,40 а Санду 20,60 отсто.