Влијанието и контролата врз општествените случувања во земјата што Путин ги оствари во текот на речиси двете децении власт во Русија ја прави неговата победа на мартовските избори речиси сигурна. Уште повеќе поради фактот што жестоките критичари кои би можеле да го предизвикаат и да го освојат одреден број гласови се или во затвор или во егзил, но и онака на сите досегашни избори и сондажи на јавното мнение добиваа провцентуални поддршки коишто нииту оддалеку не можат да ги внесат во посериозна изборна трка.
Се критикува и тоа што повеќето приватни, или како што се нарекуваат независни медиуми кои се финансирани од странски финдации и влади, откако беа прогласени за „странски агенти“, според идентичниот руски закон со американскиот кој е на сила со децении, ги преместија своите седишта надвор од Русија или добија казни поради непочитувањето на прописите за забрана за критика на сметка на руските вооружени сили од почетокот на руската инвазија во Украина кон крајот на феврауро 2022 година.
Исто така, се чини дека долготрајната војна што Русија ја води во Украина и неуспешниот еднодневен бунт што во јуни го организираше неговиот близок соработник и шеф на приватната воена компанија „Вагнер“, сега покојниот Евгениј Пригожин, не влијаеше на поддршката од народот што ја ужива рускиот претседател, туку напротив ја зголемува.
Две јавни личности најавија дека планираат да се кандидираат, поранешниот пратеник Борис Надеждин, кој има место во општинскиот совет во Московскиот регион, и Екатерина Дунцова, новинарка и адвокатка од регионот Твер северно од Москва, додека Алексеј Навални кого западот го прогласи за „лидер на опозицијата“ иако никогаш немаше партија и не уживаше лична поддршка од повеќе од 4 отсто, кој е во затвор поради финансиски злоупотреби сторени пред повеќе од деценија, ги повика своите поддржувачи да гласаат за кого и да е против Путин.
Поддржувачите на Игор Стрелков, уапсениот тврдокорен десничарски националист кој бара жесток удар во Украина и го обвини Путин дека покажува слабост и неодлучност во војната, ги најавија неговите амбиции да се кандидира, но обвиненијата за екстремизам што ги покренаа против него руските власти ги намалуваат шансите тоа да биде можно.
Сега се очекува да се види дали Путин ќе се кандидира самостојно или ќе го кандидира некоја партија. Тој се кандидираше како независен кандидат во 2018 година и беше законски обврзан да собере најмалку 300.000 потписи од 40 региони. Кога се кандидираше како кандидат на партијата Единствена Русија во 2012 година, немаше потреба од собирање потписи.
Политичките аналитичари прогнозираат дека Путин, сепак, ќе се кандидира самостојно, иако парламентарната партија „Праведна Русија“ соопшти дека е подготвена да го предложи за свој кандидат и дека собирањето потписи ќе биде изговор за тој да ја промовира кампањата во регионите.
Централната изборна комисија планира да спроведе комбинација на онлајн гласање и „традиционално“ гласање со гласачки ливчиња во три изборни дена, што е практика усвоена во текот на пандемијата што независните изборни набљудувачи ја критикуваа дека отвора можност за измама иако такви претседателски избори спроведоа во 2022 година и САД, па и многу други западни земји.
Станислав Аднрејчук, копретседател на Голос, истакната независна група за набљудување на изборите, рече дека само регистрираните кандидати или државните советодавни тела, Граѓанските комори, можат да назначат набљудувачи на избирачките места, алудирајќи дека со тоа се намалува веројатноста за вистински независни набљудувачи.