Претседателските кандидати ги продолжуваат средбите со граѓаните

Во рамките на претседателската кампања, кандидатите за претседател на државата, ги продолжуваат средбите со граѓаните и митинзите за промовирање на својата програма.

Ѓорѓе Иванов, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ денеска ќе се сретне  со граѓани во Крива Паланка и Ранковце, а митинзи во Кратово, Пробиштип и Кочани.

Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ, ќе одржи митинг во Велес, како и средби со граѓани во Лозово, Свети Николе и Чашка.

Коалицијата ГРОМ со својот кандидат за претседател Зоран Поповски, ќе одржи средби со граѓани во Скопје и во Кривогаштани и митинг во Пробиштип. ДУИ ќе има средби со граѓани во Куманово и во Липково.