Претседателските кандидати ја продолжуваат кампањата

Четворицата кандидати за претседател денеска продолжуваат со предизборните митинзи и средби со граѓаните во повеќе градови низ државата.

Актуелниот претседател и кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорге Иванов денеска заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинг во Прилеп и Битола, а ќе имаат помали митинзи и во Долнени, Кривогаштани и Крушево.

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски денеска ќе биде во Гостивар, а ќе има средби и во Центар Жупа, Дебар, Маврово – Ростуше и Врапчиште.

Илјаз Халими, претседателскиот кандидат на ДПА, ќе има митинг во Желино. Зоран Поповски од ГРОМ ќе говори пред жителите на скопски Аеродром кај трговскиот центар Бисер.

Демократската унија за интеграција својата кампања за идејата за консензуален претседател ќе ја продолжив во Струга каде во Домот на културата ќе има средба со граѓани.