![09ccc1b9-af29-4ab9-bd91-4c9d69166406-444x333](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/09ccc1b9-af29-4ab9-bd91-4c9d69166406-444x333.jpg?resize=444%2C333&ssl=1)
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „“За подобра Македонија, Ѓорѓе Иванов денеска ќе одржи митинзи во Македонски Брод и Кичево, како и помал митинг во Пласница.
Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски ја продолжува својата кампања со митинг во Гази Баба и средби со граѓаните во Илинден, Петровец и Зелениково, додека претседателскиот кандидат на ГРОМ, Зоран Поповски ќе одржи митинг во Охрид и ќе оствари средби со граѓаните на Ресен, Дебарца и Струга.
Огранокот на ДПА од Струга организира средба со новинари по повод настаните што се случија по објавувањето на листите на кандидатите за пратеници во овој изборен циклус.