Полека, но сигурно се распаѓа светскиот поредок воспоставен во деведесеттите години од минатиот век и империјалистичкиот сон на американскиот неолиберален „железен триаголник“ (военоиндустрискиот комплекс, Конгресот и Пентагон) се распрснува како меур од сапуница. Сон за глобално владеење со светот од еден центар, од Вашингтон. Сон за воспоставување „либерални вредности“, преку „демократско“ инсталирање „либерални влади“.
При ова политичко тектонско поместување кое својата кулминација ќе ја доживее во следните две-три години, први жртви ќе бидат проамериканските политичари, проамериканските држави и проамериканските сојузи како Европската Унија.
Што е всушност проамериканско размислување?
Проамериканското размислување во целост го исклучува размислувањето за сопствените национални и државни интереси и секој обид да се стори нешто за интересите на сопствената држава, а не се вклопува во американските национални интереси, се прикажува како непријателско делување. Се прикажува како проруско, прокинеско… А, токму тие се непријателите на либералните вредности, нели. Примерот со Македонија е можеби најпоучен во оваа смисла. Бидејќи на американските интереси не им одговараше гасовод и брза пруга низ територијата на Македонија, што пак, беше од животна важност за Македонија, инсталираа „проамерикански“ кловнови на чело со Заев, кои прифатија дека промакедонските интереси се всушност „проруски“ кога е во прашање гасоводот и „прокинески“ кога е во прашање брзата пруга. И со леснотија се откажаа од проекти кои требаше да бидат крвотокот на оваа држава, во име на „либералните вредности“, кои нели на општо задоволств, ги споделуваме со САД. Денес, дури проамериканските кловнови во Македонија еднострано раскинуваат трговски и секакви договори со Руската федерација, бесрамно лажејќи дека воведуваат санкции, кои патем може да ги воведе само Советот за безбедност при ООН, па да не е опасно би било смешно, подготвени се и воено да интервенираат за „одбрана“ на Украина.
За жал, огромното мнозинство од европските држави, членки на ЕУ и оние кои тоа сакаат да бидат, не размислуваат ниту продржавно и пронационално, во интерес на сопствените држави, ниту пак проевропски кога е во прашање интересот на ЕУ и на Европа во целост. Бидејќи мнозинството од нив имаат инсталирани влади со „либерални вредности“, односно проамерикански кловнови, сите во еден глас повторуваат дека нивните национални и државни интереси, да ти биле проруско масло. Па така, ќе ве убедуваат дека евтиниот и редовен дотек на руски гас, евтината руска нафта, евтината пченица за сопствените граѓани е руско зло, а не сопствен интерес.
Згора на тоа, наместо да повикуваат на што поскоро дипломатско решавање на војната во Украина, тие следејќи го упатството од американскиот „железен триаголник“, бараат што поинтензивно вооружување на Украина, повикуваат на ескалација на воените дејствија, но и вршат провокации како затворањето на коридорот за снабдување на Калининград, за да предизвикаат проширување на војната на тлото на Европа. Интересите на американскиот военоиндустриски комплекс, бесрамно лажејќи, ги претставуваат како интереси на ЕУ. Можната Трета светска војна која полека но сигурно ја предизвикуваат, сакаат да ја престават како национален и проевропски интерес. Сопственото уништување како сопствена потреба. Невидено лудило на проамериканските кловнови со „либерални вредности“.
Суверенизмот – спас за Македонија, за Европа, за Светот
Дека суверенизмот и покрај трескавичната борба на либералната „демократија“ и „отворените општества“ ќе го завладее светот, покажуваат повеќе показатели – се’ погласното барање на американските граѓани да се врати политиката на Трамп; неприфаќањето на 80 проценти од државите во светот (освен оние од евроатлантското „либерално“ друштво), да застанат во редицата против Русија; одбивањето на 51 од 55 африкански држави (само 4 од нив учествувале), да учествуваат на видео конференција со украинскиот кловн Зеленски пред неколку дена; губењето на апсолутното мнозинство на Макрон во францускиот парламент и десеткратното зголемување на бројот на пратеници на партијата на Мари Ле Пен во Франција; протерување на Франција со нејзиното влијание од нејзините поранешни африкански колонии (Буркина Фасо е четврта африканска држава која во моментов бара заминување на Франција и присуство на Русија); триумфалните победи пред некој месец на Вучиќ и Орбан во Србија и Унгарија, иако „либералните аналитичари“ предвидуваа нивни катастрофални порази; кинеската мудра позиција во меѓународните односи и, во тој контекст, документите што ќе се усвојата на состанокот на БРИКС што ќе се одржи по неколку дена; улогата на Турција во недозволувањето Финска и Шведска да станат членки на НАТО по брза постапка…
Протестите во Белгија, на пример, кои ќе ги зафаќаат и останатите држави со „либерални вредности“, јасно говорат на каде ќе се движат нештата. Инсталираните проамерикански кловнови ќе се соочат со гневот на сопствените граѓани, кои дефинитивно не ќе можат за појадок на своите деца да им сервираат порција „либерални вредности“, ниту да ги загреат живеалиштата со „евроатлантско сонце“, ниту да ги платат ратите од кредитот со „омраза кон Русија“, ниту да го истераат месецот со придобивките од „парадите на гордоста“… Ќе побараат решавање на сопствените проблеми, па „отворените општества“ ќе се затворат во суверени држави и, само тие кои тоа ќе го сторат час поскоро, ќе имаат шанси за опстанок. Останатите се осудени на пропаст, па оние кои се најдлабоко „вовлечени“, први ќе се удават во американскиот измет. Суверените држави, со суверени раководста, ќе тргнат во заштита на своите национални и државни интереси.
И, не случајно, Али Ахмети, свесен дека во една таква разврска, целосно оддадени на потребата да ги сочуваат сопствените држави, многу скоро, никој нема да има време ниту желба да се посвети на албанските големодржавни интереси како што тоа беше досега, од Приштина повика на нова војна за „решавање на албанското прашање“ нерешено после Првата светска војна. Да се предизвика војна додека светот уште плива во матната вода на „либералниот жабурник“.
Што и’ треба на Македонија?
На Македонија и треба најитна промена на власта, целосно отфрлање на предлогот на Макрон, воспоставување суверенистичка Влада, прекинување на преговорите со Софија, преиспитување на сопствената надворешна политика кон соседите и во светски рамки и, свртување кон сопствените национални и државни интереси.
На Македонија и треба деинсталирање на заевизмот и инсталираните проамерикански кловнови. И требаат луѓе со промакедонски ставови и промакедонско делување за да ја започнат операцијата за спас на државата. И треба интензивно продлабочување на односите со Република Туркије (како што официјална Анкара побара Турција да биде ословувана), бидејќи таа како исклучително моќна регионална сила на страната на победниците (суверенистите), ќе се заложи за што понемоќни соседи (Бугарија и Грција) на своите европски граници.
Суверена Македонија, во новиот светски поредок на суверени држави, во едни поинакви геостратегиски и геополитички односи, има реална можност да си го поврати она што проамериканските кловнови го продадоа – името на државата Македонија и идентитетот на македонскиот народ. Но, и да го реализира она што во членот 23 од Берлинскиот договор од 1878 година беше запишано – „Македонија како етнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување“ на целата своја територија.
Според „либералните“ медиуми, ова секако нема да се случи, но според состојбите „во живо“, или суверенистите ќе го спасат светот, или тој ќе потоне во Третата светска војна предизвикана од империјалистичката “либерална“ политика.
Надежта за спас и подобра иднина секогаш постои, наше е само да се бориме и да веруваме!