Претставата „Лагата“ гостува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во Македонија“ во Дебар

Македонскиот народен театар на 28 септември ќе учествува на 23. Традиционален фестивал „Албански театар во РСМ“, Дебар.

Со особена чест ја прифативме поканата за учество на фестивалот, со претставата „Лагата“, од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а во која играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.

Покрај учеството на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Јордан Симонов за улогата на Павле, го доби највисокото актерско остварување, лауреат, ова е второ фестивалско учество на претставата.

Фестивалската програма започна на 24 и ќе трае до 30 септември 2024 година.

Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе учествуваат 7 (седум) претстави од театри од нашата земја, Албанија и Косово, а во изминатите години до сега на фестивалот учествувале повеќе од 180 претстави од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Франција, Швајцарија и САД.