Претставен новиот смартфон на Samsung со „огромна автономност“

Корејскиот технолошки гигант „Samsung“ го претстави својот нов паметен телефон од моделот „Galaxy F62“, кој се одликува со со интересен сет на спецификации, вклучувајќи врвен процесор и масивна батерија, односно голама автономност, пренесува корпоративниот портал Sammobile.

Уредот добил екран со 17 сантиметри во дијагонала, создаден за користење со технологијата Super AMOLED+ Infinity-O и може да ја ажурира сликата на фрекфвенција и од само 60 херци. Предната камера со 32 mp е вградена во панелот од стакло Gorilla Glass 3+.

За перформансите на уредот е одговорен е најновиот но сѐ уште најпродуктивниот 7-нанометарски процесор Exynos 9825. Обемот на оперативната РАМ меморија е 6 или 8 гигабајти, а вградената меморија може да биде само 128 гигабајти. Обезбеден е слот за microSD мемориски картички.

Уредот „Galaxy F62“  на задната страна има камера со четири сензори примарен од 64, ултра-видео од 12, микро-камера од 5 и сензор за длабочина од 5 мегапиксели. Максималниот квалитет на видеото за главната камера е во резолуцијата 4К и 30 кадри во секунда, користејќи ја и предната и задната камера.

Уредот работи само во мрежите LTE и нема поддршка за најновта петта генерација мобилни мрежи 5G. Снабден е и со Bluetooth 5.0, NFC, USB-C порт и стандарден аудио приклучок. Паметниот телефон работи на оперативниот систем Android 11 со новиот коменрцијален интерфејс One UI 3.1. Снабден е со материја од 7000 mAh со 25-ватно брзо жично полнење.

Првично, овој модел паметен телефон ќе биде пласиран на 22-ви февраури на индискиот пазар, по цена од 330 американски долари. Подоцна „Samsung Galaxy F62“ ќе биде пласиран на другите пазари, во три бои: ласерско сино, ласерско зелено и ласерско сиво.