Јужнокорејската корпорација „Samsung Electronics“ го претстави во четвртокот сензорот за слика со најголема резолуција на светот, со 64 мегапиксели за паметните телефони, со што има намера да ја задоволи растечката побарувачка по мобилни уреди со подобар квалитет на сликата.
Претставниците на „Samsung“ претставија два нови сезнора за слика од 0,8 микрометри (μm) – 4 mp ISOCELL Bright GW1 и 48 mp ISOCELL Bright GM2, со што ја проширува својата линија на сензори на слига од 0,8 микрометри, најмалата величина на пиксели кои моментално е достапна на пазарот.
Од најголемиот светски произведувач на паметни телефони порачаа дека на подобрување на функциите на фотоапаратите во паметните телефони се насочиле бидејќи сѐ повеќе луѓе квалитетот на сликата го сметаат за една од најважните одредници за купување нов уред.
„Во последните неколку години камерите за мобилните телефони станаа главен инструмент за снимање и споделување на нашите секојдневни моменти“, вели извршниот потпретседател во команијата за сензори, Парк Јонг-ин, додавајќи дека со повеќе пиксели и напредните технологии „Samsung“ ќе донесе ново ниво на фотографијата направена со мобилните уреди.
Се очекува дека новите сензори за слика во масовно производство ќе влезат во втораполовина на годинава.