Радиот BBC 2 во четвтокот ја претстави необајвената песна на Џорџ Мајкл, малку повеќе од осум месеци од смртта на британската поп ѕвезда, а неговиот продуцент изјави дека на синглот работел со поделени чувства, со соли, но и со радост и со љубов.
Нумерата „Fantasy“, ремикс од 1980-те години, е објавена во емисијата „Chirs Evans Breakfast“ во 10 часот по средноевропско време.
Продуцентот Нил Роџерс напиша на Twitter дека на новиот сингл работел со „поделени“ чувства, со „солзи, несигурност, радост и ЉУБОВ“.
Со вистинското име Јоргос Кирјакос Панајоту, пејачот Џорџ Мајкл почина на 25-ти декември 2016 година на 53-годишна возраст од кардиомиопатија со миокардитис. Погребан беше дури кон крајот на март во тесен круг на семејството и пријателите во северен Лондон по повеќеседмичната истрага којашто утврдила дека умрел со природна смрт.
На неговите мрежни страници двете сестри на пејачот Мелани и Јода наведуваат дека сакаат да го „продолжат“ делото на братот „споделувајќи“ го неговото музичко наследство, „исто како што и тој самиот би сакал“.
Со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук Џорџ Мајкл последните години ги мина повлечено, подготвувајќи албум и автобиографски документарен филм.