Познатиот дански производител на пиво „Carlsberg“ прв во светот претстави два експериментални примерока на биоразградливи шишиња од хартија, се наведува во соопштението за медиумите од петокот објавено на веб-страницата на компанијата.
Шишињата целосно се состојат од биолошки основи и се пригодни за рециклирање. Направени се од дрвени блакна, добиени од одржливи извори и ќе бидат користени за тестирање нова технологија за полнење. Според нивните креатори, во иднина тоа ќе овозможи производителите да се откажат од пластиката во производството на шишињата.
„Продолжуваме да ги воведуваме иновациите во сите формати на пакување и задоволни сме од напредокот кој го постигнавме во развојот на шишиња од еко-влакна. Сѐ уште не ја постигнавме целта, но двата примерока се важен чекор кон остварувањето на крајната цел по раволуционерниот нов производ на пазарот“, истакнува потпретседателката за развој на „Carlsberg Group“, Миријам Шинглтон.
Во моментов, според податоците на „Carlsberg“, ним им се придружиле и глобалните компанииј како „Coca-Cola“, „Absolut“ и „L’Oreal“, кои ќе ги обединат своите капацитети за развојот на концептот за хартиени шишиња.
„Соработката со нашите партнери од 2015 година на создавањето сад за пиво од еко-влакна покажува дека таквите иновации може да дадат плод само кога работиме заедно. Мило ни е што другите компании истомисленици ни се приклучија“, заклучува Шинглтон.
Данската компанија за пиво е основата во 1847 година од претприемачот Јакон Кристијан Јакобсен, а нејзиното седиште е во Копенхаген. Компанијa произведува пиво под рани трговски марки, кој ги вклучуваат брендовите „Carlsberg“, „Tuborg“, „Kronenbourg“, „Baltika“ и многу други.
TODAY we unveiled our latest Green Fibre Bottle prototypes, which contain #beer for the first time. Made from sustainably-sourced wood fibres, they are an important step towards our ultimate ambition of the world’s first ‘paper’ beer bottle. More 👉 https://t.co/j8mqGh2xAg pic.twitter.com/2oGIBYGYtn
— Carlsberg Group (@CarlsbergGroup) October 11, 2019