Претставките до Народниот правобранител телефонски или по електронска пошта

Народниот правобранител во врска со настанатата ситуација и потребата од превенција за спречување на ширење на заразата со таканаречениот коронавирус (Ковид 19), им препорачува на граѓаните во наредните две недели (до 25 март) потребите за личен контакт и разговор со вработени во институцијата Нарoден правобранител заради заштита на уставните и законските права, како и поднесувањето на писмените претставки во канцеларијата во Скопје, но и во шесте подрачни канцеларии – Штип, Кичево, Тетово, Куманово, Струмица и Битола да ги сведат на минимум, односно да ги вршат телефонски, или по пат на електронска пошта.

Како што е информираат од Канцеларијата на народниот правобранител, за контакт со канцеларијата во Скопје може да го користат телефонскиот број 02 3129- 335, за канцеларијата во Струмица 034 329 996, за Кичево 045 228 -586, за Тетово 044 344 -082, за Битола 047 242 310 за Штип 032 389-701 и за Куманово 031 431- 488.

Контактите преку електронска пошта може да ги остварат на следнава адреса contact @ ombudsman.mk.

Народниот правобранител се надева дека оваа негова препорака ќе биде примена со разбирање од страна на граѓаните, на кои во ниту еден случај нема да им биде ускратено правото на заштита од страна на Институцијата.Тоа значи дека по сите поплаки дадени преку телефон, или електронска пошта ќе биде постапено согласно Законот за народниот правобранител, за што странките соодветно ќе бидат известени.