Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со убедливо мнозинство, во вторникот, усвои резолуција со која масовните убиства на Ерменците во периодот на Османлиското царство се прогласени за геноцид, а потоа поддржа и воведување санкции за Турција поради нејзината воена оперција во Сирија, на што Анкара ведна одговори.
Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, гласаше со 415 гласови „за“ и 11 „против“ резолуцијата со која се „комеморира ерменскиот геноцид, османлиското убивање на 1,5 милиони Ерпменци од 1915 до 1923 година“.
Во резолуцијата стои и дека американската политика „ќе ги отфрли сите напори за поврзување на американската влада со напорите за негирање на ерменскиот геноцид или геноцидот воопшто“, како и ќе „ги охрабри образованието и јавното разбирање на ерменскиот геноцид“.
Турција, како и во претходните години во случаите кога Германија, Франција или други земји, исто така, донесоа резолуции за Ерменскиот геноцид, остро реагираше и негира дека станува збор за геноцид над Ерменците.
Турското министерство за надворешни работи ја отфрли резолуцијата, велејќи во соопштение дека е „очигледно изградена и објавена за внатрешна употренба, и оти во неа отсуствува каква и да е историска или правна основа“. Се наведува, исто така, дека резолуцијата е „политички чекор без значење“.
Турскиот министер за надворешни работи, Меврлут Чавушоглу, во средата дека усвојувањето на оваа резолуција е „одмазда“ за Анкара поради нејзината воена операција протув сириските Курди, која започна пред три седмици.
„Оние, кои веруваат дека на тој начин ќе се одмазадат, грешат. Оваа срамна одлука на оние кои историјата ја користат во политиката, не значи ништо за нашата влада и народ“, напиша Чавушоглу на Twitter.
Според официјалниот став на Анкара, меѓу 300 илјади и половина милион Ерменци загинале или умреле во перидот од 1915 до 1923 година, повеќето во борбите во текот на Првата светска војна, кога загинале у голем број Турци.
Претходно американскиот Конгес блокираше ваква иницијатива и во усвојувањето на ваквата резолуција, изрази загриженост дека таквата одреба би можела дополнителни комплицианиот однос со важниот сојузник на НАТО. Меѓутоа, откако Турција беше одбиена од западните партнери во зделка за набавка на противвоздушен ракетен систем и се реши за купување на рускиот „С-400“, и поради оперцијата против сириските Курди, беа настаните кои ја променија климата во Конгресот.
Така, набрзо по усвојувањето на резолуцијата за геноцидот, претениците со убедливо мнозинство го поддржаа усвојувањето на санкциите против Турција, поради офанзивата во северна Сирија со 403 глас „за“ и 16 „против“. Со одредбата се повикува на замрзнување на имотите на високи турски функционери во САД и забрана за продажба на оружје на Турција.