Претставничкиот дом на САД изгласа 95 милијарди долари помош за Украина и Израел

Претставничкиот дом на САД во саботата гласаше со поддршка од двопартиското мнозинство за пакетот безбедносна помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај жестокото противење од некои републиканци.

Предлогот го поддржаа 311 конгресмени, а 112 беа против. Пакетот од четири нацрт-закони сега оди во Сенатот, кој е мнозински контролиран од демократите и донесе слична мерка пред повеќе од два месеца.

Сенатот треба да гласа за него следната седмица, а потоа да го испрати до претседателот Џо Бајден за негов потпис.

Десетина демократски претставници вееја украински знамиња кога стана очигледно дека пакетот ќе биде усвоен. Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, ги предупреди претставниците дека тоа е „несоодветно однесување“:

Џонсон оваа седмица избра да ги игнорира заканите за отповикување од страна на тврдолинијаштеи во неговата партија, кои бараат во пакетот да биде вклучен и износ за зајакнување на границата кон Мексико преку која во изминатите четири години во САД влегоа милиуони илегални мигранти, и го стави на дневен ред на долниот дом на Конгресот, каде републиканците имаат мнозинство од 218 спрема 213 демократи, гласањето за мерка која вклучува 60,84 милијарди долари за Украина за војната против Русија. Во таа сума се вклучени 23 милијарди долари кои директно ќе одат во амриканската одбранбена индустрија за обновување на залихите на американското оружје.

Покрај 60,84 милијарди долари за Украина, законот предвидува 26 милијарди за Израел, од кои 9,1 милијарди за хуманитарни потреби и 8,12 милијарди за Индо-Пацификот.

Пакетот, исто така, вклучува помош за Израел, Тајван и сојузниците во индо-пацифичкиот регион, како и други мерки како што се санкции, де факто забрана на социјалната мрежа TikTok во кинеска сопственост и потенцијален трансфер на запленети руски средства во Украина.