Претставничкиот дом на САД откажа седница по полициско предупредување за опасност

Американска милитантна група, веројатно инспирирана од теоријата на заговорот QАnon, наводно планирала напад врз Конгресот во четвртокот, според полициски разузнавачки процени кои доведоа Претставничкиот дом да ги откаже планираните седници од безбедносни причини.

Безбедносната процена, која обезбедувањето на Конгресот го споделило со пратниците во средата, не ја идентификувала таа група, но времето на наводниот напад навнод упатувал на нејзиниот идентите.

Според овие информации во четвртокот на 4-ти март, според следбениците на QАnon го сметале како ден кога поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, би требало да се врати на претседателската должност. Заговорниците од QАnon веруваат во теоријата според која Трамо е во мисија на разоткривање на сотонистичката кабала на педофили во врвот на Демократската партија, кои од заднина ја контролираат американската власта, и го избрале 4-ти март, бидејќи тоа е оригиналниот ден на претедателските инаугурации Во САД сѐ до 1933 година.

Насилниот упад на Капитол Хил на 6-ти јануари сѐ уште е впачатливо кај пратеници, па челниците на Претставничкиот дом го откажаа планираното гласање и ги известиле пратениците дена не мора да се појавата на седницата откако стасало полициското предупредување. Засега не се верува дека Сенатот, кој треба да дискутира на програмата за помош на погодените од пандемијата на коронавирусот, ќе ја откаже својата седница.

Објеснувањето на Конгресот објави дека во четвртокот ќе ја засили безбедноста поради наводната потенцијална закана.

„Врз основа на разузнавачките податоци коишто ги поседуваме, презеавме моментални чекори да ја засилиме безбедноста“, објави службата за обезбедување на Капитол Хил.

Шефот на оваа служба, Тимоти Блодгет, издал предупредување дека заканите може да се протегнат до викендот поради „допоилнително интересирање на милитантна група за Капитол од 4-ти до 6-ти март“.