Претставничкиот дом на САД усвои закон за 40 милијарди долари помош за Украина

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во вторникот одобри повеќе од 40 милијарди помош за Украина за да се одржи постојаниот голем проток на оружје за да се зајакне украинската војска во борбите со руските и проруските сили.

Претставничкиот дом го освои буџетскиот закон со 368 гласови „за“ наспроти 57 гласови „против“, сите од републиканските редови. Законот сега е испратен во горниот дом Сенатот, од кого се очекува брзо да го потврди.

Американскиот претседател Џо Бајден пред две седмици бараше од Конгресот да одобри дополнителни 33 милијарди долари за воена помош на Украина, но пратениците решија да го зголемат военото и хуманитарното фунансирање на Киев.

„Овој закон ќе ја заштити демократијата, ќе ја ограничи руската агресија и ќе ја зајакне нашата сопствена национална сигурност, а истовремено, што е највамжно, ќе ја поддржи Украина“, изјави демократската пратеничка Роза ДеЛауро, која претседава со Комитетот за распределба на средатва во Претставничкиот дом.

Бајден ги повика Конгресот брзо да дејствува за да може да го поптише законот пред сегашната воена помош за Украина да истече овој месец.

Пакетот вклучува 6 милијарди долари за безбедностни програми во Украина, вклучително обука на војници, опрема, оружје и поддршка, 8,7 милијарди долари за дополнување на резервите во САД за да се надомести опремата испратена во Украина и 3,9 милијарди долари за операциите на американската команда во Европа.

Покрај тоа законот овозможува дополнителни 11 милијарди долари кои претседателот може да ги активира во итен случај без да чека одобрување од Конгресот. Бајден во овој сегмент бараше 5 милијарди долари.

Законот одобрува и 4 милијарди долари за давање воена поддрпја на Украина и други земји погодени од кризата,

Новиот пакер, исто така, вклучува и хуманитарна помош од 5 милијарди долари за решавање на глобалната несигурност на храната поради судирот и речиси 9 милијарди долари за фонд за економска поддршка на Украина.

Обезбедива и стотици милини долари за помош на белгалците и ги финансира напорите за заплена на имотите на руските бизнисмени кои САД ќе ги означат дека се поврзани со рускиот претседател Владимир Путин.

САД од почетокот на војната во Украина во два ипол месеца испратија оружје во износ од над 3,7 милијарди долари, вклучително и хаубици, противвоздушни системи „Stinger“, противтенковски проектили „Javelin“, муниција и неодамна откриените безбилотни летала „Ghost“.