
Во книгата на жалост се потпиша амбасадорите на САД, Русија, Велика Британија, Србија, Албанија, Полска, Украина претставници на амбасадите од Германија, Франција, Шпанија, Италија, Швајцарија, Грција, Словенија, Босна и Херцеговина, како и претставници на меѓународните организации УНДП, ОБСЕ и Светска Банка во Република Македонија.
Град Скопје изразува благодарност до претставниците на дипломатскиот кор за изразеното сочуство и за поддршката во овие тешки моменти за жителите на градот Скопје.
Книгата на жалост ќе биде отворена и утре од 9 до 16 часот.