Претставничкиот дом изгласа мерки за надминување на блокадата на владата

Американскиот Претставнички дом во четвртокот изгласа две мерки потребни за да се излезе од буџетскиот застој кој делумно го блокира функционирањето на администрациајта, но бе поддршка од претседателот Доналд Трамп кој бара финасирање на градењето на ѕид на границата со Мексико, па така тие нема да минат во Сенатот.

Демократите во четвртокот ја преземаа контролата во Претставничкиот дом, одбележувајќи нов период на опозицијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп., додека Сенатот по изборите на половина од мандатот на претседателот останува под контрола на републиканците.

Претставничкиот дом изгласа две буџетски мерки кои би можеле да стават крај на делумната парализа на американската влада, започната на 22-ри декември поради прашањето на изградбата на ѕидот кој треба да ја спречи илегалната имиграција. Меѓутоа, овие мерки може да останат само букви на хартија, откако челникот на демократите во Сенатот рече дека нема да го стави на дневен ред предлогот доколку тој нема зелено светло од претседателот Доналд Трамп.

Белата куќа однапред ги отфрли предлозите на законот, бидејќи тие не ги вклучуваат петте милијарди долари за финасирање на ѕидот. Демократите тврдат дека се залагаат за силна безбедност на границите, но се противат на ѕидот бидејќи го сметаат за неефикасен.

Трамп повторно на социјалните мрежи ја употреби репликата од серијата „Игра на престолот“, но овојпат поради ѕидот на границата со Мексико. На фотографија, која Трамп ја сподели, се наоѓа тој заедно со натписот „Ѕидот доаѓа“, алудирајќи на популарниот слоган од таа серија – „Зимата доаѓа“.

Ова не е првпат американскиот претседател да го употреби тој слоган, со цел да се „пресмета“ со противниците. Во ноември минатата година заедно со својата фотографија го објави и натписот „Санкциите доаѓаат“, што беше упатено кон Иран.