Постојаниот претставник на североисточната шпанска покраина Каталонија, којашто во петокот прогласи независност, во Европската унија (ЕУ), Амадеу Алтафаж, поднесе оставка по одлуката на владата во Мадрид да го затвори каталонското претставништво во Брисел, се наведува во отвореното писмо на Алтафаж објавено во каталонскиот дневен весник Ara во понеделникот
„Како дел од мерките донесени од шпанската влада минатиот петок, јас бев отпуштен од должноста претставник на владата на Женералитетот (автономијата на Каталонија –з.р.) при Европската унија“, пишува Алтафаж.
Натаму во отвореното писмо признава дека таквата одлука за него претставува „тажен момент“. Алтафаж, исто така, додава дека според негов ЕУ недоволно активно се ангажирала во актуелната каталонска криза. „Европа мора секогаш да соработува во барањето решенија и зајакнувањето на дијалогот“, забележува каталонскиот политичар.
Истовремено некои каталонски политичари кои се отстранети од должностите со одлуката на шпанската влада, во понеделникот утрото се појавиле на нивните работни меса. Вршителот на должноста претседателот на советот за територии, Жозеп Руљ објави на социјалните мрежи фотографија од својата канцеларија. „Во кабинетот, вршејќи ги должностите, кои ги доби народот на Каталонија“, напиша на Twitter додавајќи ги хаштагот „продолжуваме“.
После тоа кацеларијата ја посетиле двајца службеници на каталонската полиција Мосос д“Есквадр и му соопштиле на Руљ дека неговата постапка потпаѓа под делопто „злоупотреба на овластувањата“. „Го продолжуваме предвидениот работен план“, додаде потоа на социјалните мрежи“.
Медумите известија дека истовремено околу зградата се распоредени десетици лица од таканаречениот „комитет за заштита“ на поборниците на независноста на Каталонија.
Во зградата на распуштениот парламент, пак, дојде претседателката Карма Форкадел. На Twitter објави видео придружено со постот „проложуваме да работиме“. Сепак, Форкадел ќе ја извршува должноста до спроведување на предвремените парлементарни избори на 21-ви декември што го наложи шпанската влада во Мадрид.