Претставувањето на новата ЕК одложено за следниот вторник

Претседателката на Европската комисија ќе го претстави составот на новото извршно тело на Европската унија и поделбата на ресорите следниот вторник во Стразбур, наместо утре како што беше претходно најавено, изјави портпаролот на Комисијата, Ерик Мамер.

Мамер наведува дека причината за доцнењето е што словенечкиот парламент дури в петок ќе даде мислење за новиот кандидат за еврокомесар предложен од владата.

Претходниот словенечки кандидат за комесар Томаж Весел се повлече, а владата тогаш ја предложи Марјета Кос. Словенечкиот парламент во петок ќе даде мислење за оваа кандидатура и дури тогаш номинацијата ќе стане официјална.

„Дури по тој чекор, номинацијата на кандидатот ќе биде целосна и официјална“, вели Мамер.

Претседателката на Комисијата требаше утре рано претпладнето да присуствува на таканаречената Конференција на претседателите на Европскиот парламент, на која се собираат претседателот на парламентот и раководителите на пратеничките групи, да го презентираат составот на новата Комисија и распределбата на ресорите.

Но, поради случајот со словенечкиот кандидат, Урсула фон дер Лајен побара од Европскиот парламент да се одложи состанокот на конференцијата на претседателите за следниот вторник. Состанокот се одржува во Стразбур, каде се одржува пленарната седница на Европскиот парламент.